еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје со раст на добивката во првото полугодие

Стопанска банка АД Скопје во првата половина од 2022 година оствари добивка пред оданочување во износ од 1.628.201 илјади денари, информираат од Банката преку Македонската берза.

“Како резултат на интензивната активност на Банката, целосно поставена на прудентни основи, сите приходни позиции од билансот на успех за првото полугодие од 2022 година, покажуваат соодветен раст.

Притоа, и покрај зголемените цени на енергијата и на другите стоки и услуги, Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци на релативно исто ниво споредено со претходниот период. Сето тоа, заедно со намалувањето на трошокот за исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, резултираше со зголемена добивка пред оданочување за 34%, во однос на истиот период од минатата година.

Вкупната актива на Банката на крајот на јуни 2022 година изнесува 115.585.072 илјади денари и е поголема за 1% во однос на износот на активата на 31.12.2021 година“, велат од Банката.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.990.215 илјади денари и се зголемени за 5% во однос на истиот период од минатата година, најмногу како резултат на зголемените кредитни активности и врз основа на тоа-зголеменото кредитно портфолио на Банката, посочуваат од Банката.

„Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 452.529 илјади денари и се зголемени за 16% во однос на анализираниот период во 2021 година. Ова е резултат на зголемен обем на активности односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 37% и изнесуваат 83.828 илјади денари, како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар. Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 119% и изнесуваат 416.296 илјади денари.

Оперативните трошоци од работењето останаа на релативно исто ниво и покрај зголемувањето на цените на скоро сите позиции, при што трошоците за вработени изнесуваат 452.217 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 399.044 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 389.597 илјади денари, која е намалена за 12% во однос на истиот период од претходната година.

Вкупната актива изнесува 115.585.072 илјади денари, повисока за 1% односно 1.482.373 илјади денари во однос на крајот од минатата година. Паричните средства и паричните еквиваленти споредени со крајот на 2021 година се пониски за 3.406.566 илјади денари, односно за 16%, како резултат на порастот на кредитните активности на Банката и употребата на ликвидноста за оваа намена.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти нето остварија пораст од 7% споредено со крајот на минатата година и изнесуваат 83.146.636 илјади денари. Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 299.845 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2021 година за 8%.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.966.962 илјади денари и се намалени за 3% во однос на крајот на минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности и потреба за повлекување на овие средства за редовно работење. Останатите побарувања забележаа пораст од 3% и изнесуваат 1.617.100 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 21.287.586 илјади денари, што претставува зголемување за 8% во однос на крајот на 2021 година. Имено, со одлуката на Собранието на акционери, регулаторниот капитал се зголеми за нови 30 милиони евра, капитал кој обезбедува основа за непречено реализирање на зацртаните бизнис-цели во наредниот период“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Колкави биле примањата на членовите на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Биотек, новиот акционер над 5% во Реплек

Редакција

Продаден блок од 15.966 акции од Стопанска банка Битола за 30 милиони денари

Редакција

Попова Кула со зголемена добивка во првото полугодие

Редакција