еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради прекин на струјата, скопјани останаа и без парно чие што снабдување ќе се стабилизира вечерва

Производството на електрична енергија тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби, соопшти АД ЕСМ.

Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор.

Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот.

– Што се однесува до системот за парно греење во Скопје, прекинот е настанат поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите.

Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање, со што се очекува во текот на вечерта греењето да се врати во нормала.

Во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица, наведуваат од ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЕПСО: Испад на далекувод и пожар во близина на трансформатор, причина за прекинот на струја во Скопје

Поради пожар кај трафостаницата во Пинтија, поголем дел од Скопје остана без струја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија останува во црвената категорија земји за патување на Кипар

Редакција

(Видео) Спасени лица и возило заглавени во снег кај Пониква

Редакција

Адонис се качи на брод, фотографија која ја расплака Грција

Редакција