еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожар кај Фурка, интервенира и армиски хеликоптер

Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради сериозноста на пожарот, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот помеѓу Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, градоначалниците на двете општини преку ЦУК упатија барање за ангажирање хеликоптер на Армијата. На барањето е позитивно одговорено, и армиски хеликоптер е упатен кон Богданци.

На терен се и пожарникари, противпожарни возила и вработени од шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци и Валандово, како и припадници на МВР.са/

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кавадарчанец ја принудувал малолетната девојка на проституција

Редакција

Досега не е поднесена жалба против решението за упис на основање на здружението „Иван Михајлов“, велат од Централен регистар

Редакција

„Северна лажно-Македонија„: Грчки партии ја прекрстија државата и порачаа дека Договорот од Преспа е за во канта

Редакција