Од денес па се до 17. август заборавете на се друго и насочете се на шопинг во Рамстор Мол, информираат од компанијата.
-Garage Sale конечно започна. Настанот кој со нетрпение го очекувавте, од денеска па се до 17. август ќе Ви донесе одлична можност да купувате на огромни попусти до 70%, бидејќи правиме чистка, вадиме се надвор!, посочуваат од Рамстор мол.
Покрај големите попусти, посетителите на Рамсторе Мол ќе може да уживаат во богатата програма специјално организирана за овој настан, која содржи многу музика во придружба на добро познатите Конга, Сакс и DJ Чедомирски, кои свечено ќе го одбележат стартот на најголемата распродажба во градот Garage Sale.
Исто така, во вечерните часови бидете дел од уникатната изведба со огнени ефекти пропратена со музика, забава,освежителни пијалоци и коктели, бројни акции и изненадувања од продажните објекти во Рамстор Мол.
Не ја пропуштајте и вие можноста да ја искористите неверојатната распродажба во Рамстор Мол, која трае до 17. август.
Дел од понудата на намалените производи може да ги најдете на следниот ЛИНК: Garage sale попусти до 70%!
-Ве очекуваме на најголемиот шопинг. Каде ако не во Рамстор Мол!, велат од компанијата.