Државниот завод за статистика денеска објави дека во периодот јануари-јуни е помала вредноста на договорените и извршените градежни работи во странство.
Според објавените податоци, вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесувала 129.704 илјади денари, што е за 17,3 проценти помалку во однос на истиот период лани.
Во овој временски период, градежната оператива од земјава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 67.122 илјади денари, што е за 16,9 проценти помалку во споредба лани.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.