еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Кои ќе бидат новите цени за вадење пасош, лична карта и возачка дозвола

Се планираат нови цени за вадење лични документи – пасош, лична карта, возачка дозвола, велат за весникот Вечер од Министерството за внатрешни работи, од каде што додаваат дека во тек е постапка за изменување на решението за цените на обрасците, по донесениот заклучок од Владата.

– Обрасците во моментов се издаваат по цените што важеа и досега. Со решението се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога ќе се објави решението во „Службен весник“ и ќе влезе во сила – велат од МВР.

Па така, цената на пасошот за лице до 27 години ќе остане непроменета и натаму ќе изнесува 1.500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2.000 денари, што е зголемување за 500 денари.

Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари.

Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари.

Ќе има промени на цените и на обрасците за итна постапка: цената на пасошот по итна постапка ќе изнесува 6.100 денари, што е зголемување за 1.600 денари.

Цената на возачката дозвола по итна постапка ќе изнесува 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари, велат за весникот Вечер од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел од увозниците на јужно овошје имале шпекулативен однос кон пазарот

Редакција

Владата донесе општ протокол за сите работни места: Дистанца, заштитна опрема, помалку патувања…

Редакција

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Демерџиев лично ја предводел полицијата во Благоевград на денот на отворањето на македонскиот клуб

Редакција