еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата донесе општ протокол за сите работни места: Дистанца, заштитна опрема, помалку патувања…

Владата на денешната седница усвои протокол за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на корона вирусот, што ќе важат за сите работни места и за сите лица на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

Како што соопшти владината прес-служба, протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена и физичкото дистанцирање во работните простории, како и за редуцирање на патувања поврзани со работата, како и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.

„Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на Ковид-19 опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дезинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на ковид-19“, се додава во соопштението од 60-та седница на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Негативни сите 127 тестови за корона вирусот во скопските градинки и гереонтолошки установи

Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот

Нови 76 случаи на заразени од корона вирусот од кои 52 во Скопје

Стружанка на 56 години почина од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Тевдовски: Деновите поминати во „Корчагин“ се едни од најубавите во мојот живот

Редакција

(Фото) Османи и неговиот украински колега си разменија дресови

Редакција

Убава вест: Излекувани 23 здравствени работници заболени од коронавирусот

Редакција