еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали за новите случаи на заразени со корона вирусот во Македонија

Вчера во Македонија беа регистрирани 76 нови случаи на заразени со Ковид-19.

“Тестирани се вкупно 710 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Регистрирани сe вкупно 55 нови позитивни случаи од 8 градови во државата.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (60.0%) и Тетово (25.5%).

Од вкупниот број на тестирани, 127 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица во Скопје без регистрирани позитивни случаи.

Од регистрираните нови случаи 21 се под истражување поради задоцнето пријавување на приватната лабораторија каде истите биле тестирани.

Кај случаите за кои се добиени податоци (55), најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 11 позитивни.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 30 лица од женски и 25 од машки пол.

Регистрирани се 5 хоспитализирани, а кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Од вкупниот број на нови случаи, 31 имале контакт со потврден случај“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради тие што не веруваат во корона вирусот нема ни да можеме да излеземе од Македонија

Починатата од корона вирусот немала контакт со потврден случај

Фото: МЗ/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Половина од граѓаните со термин, вчера не дошле да се вакцинираат

Редакција

Од Ковид-19 починале 13 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција

ОН: Бројот на убиени цивили во Украина е над 6.884, од кои 429 се деца

Редакција