Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека се пријавени 16 смртни случаи од Ковид-19 со датум на смрт во текот на изминатата недела (08-14.08.2022 година), идентично како минатата недела.
„Најголем број од починатите се од Скопје (6), а пријавени се и 3 смртни случаи од Охрид, 2 од Струга и по еден смртен случај од Ресен, Велес, Богданци, Крива Паланка и Радовиш.
Во однос на возрасната група сите починати се над 60 години.
Сите пријавени случаи се починати во болнички услови, а кај 15 се регистрирани коморбидитети“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Намалување од 8,7%: Минатата недела 3.477 нови случаи на Ковид-19
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.