еМагазин
Image default
Македонија

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во Охрид и околината.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил на 98 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Охрид.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 9 часот и 4 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ и СЕММ апелираат на крајна внимателност и етички баланс во вестите поврзани со исчезнатото девојче

Редакција

Судски Совет избра 25 нови судии во пет основни судови и во Основен кривичен суд Скопје

Редакција

Камчев му покажал на Заев видео и четири разговори за „Рекет“

Редакција