еМагазин
Image default
Македонија

Македонските државјани рекордери во депортации од Германија

Македонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада, пишува „Дојче веле“.

Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Македонија – 454.

Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг.

Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца новозаболени со Ковид-19 во Кавадарци, четворица во Неготино

Редакција

Jавната и државната администрација ќе го одработува 2. јануари

Редакција

Османи потврди дека постои иницијатива Секретаријатот за Рамковниот договор да стане министерство

Редакција