еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот почнува на 5 септември

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември.

Случајот, како што потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт обвинетите се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 105 случаи на Ковид-19, оздравени 49, нема починати

Редакција

Податоците за 132.000 лица се земени од регистрите и тие се дел од пописот, вели Симовски

Редакција

Бројката на починати лица од Ковид-19 надмина 9.000: Во изминатото деноноќие починале седуммина

Редакција