еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Галерија) Како изгледа штадот на Македонија: Во Белград отворен саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Во Белград денеска е отворен првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, под покровителство на Македонија, Србија и Албанија, кој ќе трае четири дена.

Македонија на Саемот се преставува со вкупно 42 винарии и три дестилерии кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

На Саемот ќе се претстават и повеќе од десет производители на храна од земјава кои ќе се презентираат автентичните вкусови на македонската кујна.

Саемот покрај промоцијата на храна и вино, е можност за промоција и на националните богатства и туристички дестинации на Македонија преставени преку посебен штанд на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, каде посетителите имаат можност да видат и дел од македонскиот традиционално изработен накит од бисер и филигран.

Особен фокус е ставен на македонскиот туризам базиран на вино и храна, националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам.

На Саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе излезат ли од притвор: Камчев нуди гаранција дека нема да избега од 14, а Мијалков од 1 милион евра

Редакција

Транспортниот сектор трпи загуби поради корона вирусот, бараат поддршка и помош

Редакција

Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

Редакција