еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави приходи имале лани ТВ 24, Наша, Клан, Шења, Сонце и ТВ 21

Пазарот на телевизии на државно ниво преку неограничен ресурс го сочинуваат шест телевизии – 24 Вести и Наша ТВ кои емитуваат преку сателит и телевизиите Компани 21-М, Шења, Клан и Сонце, кои емитуваат преку јавна електронска комуникациска мрежа. Нивните заеднички приходи во 2021 година изнесувале 157,13 милиони денари, стои во Анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

“Овој износ, во споредба со претходната година, е повисок за 11.50%. 44% од вкупните приходи на овие шест телевизии се финансиската помош за покривање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување во висина од 15,47 милиони денари и приходите од платено политичко рекламирање во висина од 53,66 милиони денари.

Освен Наша ТВ, која најмногу приходи остварила по други основи (отпис на обврски, приходи од отпишани побарувања), сите останати телевизии главно се финансирале од продажба на времето за рекламирање. Воедно, Наша ТВ е и единствената телевизија која прикажала приходи од продажба на содржини.

Овие шест телевизии заедно од рекламирање оствариле 129,79 милиони денари, при што најмногу остварила Компани 21-М (57,76 милиони денари), а најмалку ТВ Сонце (0,20 милиони денари).

Приходите од реклами на Компани 21-М, Клан и Сонце учествувале со над 90% во вкупните приходи на секоја од овие три телевизии. Учеството на овие приходи кај Шења изнесувало 60%, а најниско било кај Наша ТВ – 30%.

41% од приходите остварени од продажба на времето за рекламирање биле од платено политичко рекламирање (ППР) за време на локалните избори во 2021 година.

Гледано засебно по телевизија, 80% од приходите од реклами на Клан биле од ППР, кај Шења тие изнесувале 63% од приходите од рекламирање, кај Компани 21-М 44% и кај 24 Вести 18%.

Претставено во апсолутни вредности, 24 Вести од ППР остварила 7,61 милион денари, Компани 21-М 25,63 милиони денари, Шења 5,40 милиони денари и Клан 15,02 милиони денари. Наша ТВ и Сонце не емитувале платено политичко рекламирање.

Доколку се погледнат приходите од реклами без платеното политичко рекламирање, може да се забележи дека во однос на 2020 година приходите од реклами ги зголемиле Клан, Компани 21-М и Сонце (незначително), а кај 24 Вести, Шења и Наша ТВ тие се намалиле.

Приходите остварени само од комерцијално огласување (без платено политичко рекламирање) се за 19,87% повисоки отколку во 2020 година.

Во анализираната година, најголем удел во приходите од рекламирање имале приходите на Компани 21-М. Раст на уделот во однос на претходната година имало кај Клан, Шења и Компани 21- М, додека уделот на 24 Вести и на Наша ТВ се намалил. Уделот на приходите од реклами на Сонце е незначителен и истиот не може да се изрази во проценти“, стои во Анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТВ 21 и Шења лани со добивка, Клан, ТВ 24, Сонце и Наша во загуба

Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма

Колкави приходи оствариле лани Телма, Сител, Алсат-М, Канал 5 и Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Поплавен рудникот Суводол на РЕК Битола

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на МВР за телекомуникациски услуги вреден 5,7 милиони евра

Редакција

Ќе се дели „спорниот“ имот меѓу Поштата и Телеком

Редакција