Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 18% на годишно ниво.
Во јули 2022, во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,5%, во секторот Преработувачка индустрија за 1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 27,1%.
Во јули 2022, во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8,9%, во секторот Преработувачка индустрија за 16,7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 49%.
Фото: Унсплеш