Ѓоко Велковски не е повеќе секретар на Град Скопје, а причина за разрешувањето, како што соопштија од Град Скопје е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ.
Тој пак на социјалните мрежи информираше дека не е разрешен, туку дека си дал оставка.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го поднел до Антикорупциска комисија кога станал советник во Општина Чаир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велковски вели дека не е разрешен, си дал оставка оти бил разочаран од градоначалничката Арсовска
Поради влијание во тендерска постапка разрешен и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист, на свое име не пријавил недвижен имот.
На име на родителите пријавил куќа во скопската општина Чаири од 354 метри квадратни.
На свое име пријавил две возила, Ауди А2 и Цитроен Ксара (кој е подарок), а возило пријавил и на име на сопругата, Голф 5.
Има и кредит од 1,8 милион денари, кој треба да го врати до 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е милионскиот тендер кој ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ
Каков имот пријавил Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација, кој е разрешен
Фото: Фејсбук/Велковски