еМагазин
Image default
Македонија

Џафери во текот на денот се очекува да донесе одлука за иницијативата за референдум

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја добил иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на референдум за поништување на Договорот со Бугарија и се очекува во текот на денешниот ден да донесе одлука во врска со уредноста, откако ќе ја разгледа, информираат собраниски извори за МИА.

Доколку одлуката добие „зелено“ светло, тогаш тој треба да ја проследи до Законодавно-правната комисија и матичната комисија, а тие треба да се изјаснат за нејзината уредност во рок од два работни дена, согласно член 191 став 2 од Деловникот на Собранието.

Ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е уредна, за тоа го известува овластениот предлагач, во случајот ВМРО-ДПМНЕ, во рок од три дена од добивањето на мислењето од работните тела.

Согласно член 192 став 2, ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата се става на дневен ред на првата наредна седница и Собранието со заклучок утврдува дали таа иницијатива е уредна.

Претседателот на Собранието потоа го известува овластениот предлагач за заклучокот на Собранието во рок од три дена.

Во јавноста веќе се појавија информации дека можеби Џафери нема да ја прифати иницијативата, а според опозицијата, зад тоа ќе стојат владејачките партии.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Слободан Угриновски, претседателот на Сојузот на Титови леви сили

Редакција

Нови 336 случаи на Ковид-19 од 1.181 тестирање

Редакција

Убава вест: 284 оздравени од Ковид-19

Редакција