еМагазин
Image default
Локално

Двајца параглајдеристи загинаа кај Мечкин Камен, обвинителство ќе ја истражува несреќата

Ќе се изврши обдукција и вештачење за да се утврдат причините за смртта на двајцата параглајдеристи кои вчера починаа по трагедијата која се случи околу 12.40 часот на Мечкин Камен во Крушево кај полетувалиштето за параглајдеристи, информираат од Основно јавно обвинителство-Прилеп кое го истражува случајот.

Според основниот јавен обвинител Милка Спиркоска сѐ уште не се знае што се случило.

– Трагичниот настан се случил околу 12.40 часот на Мечкин Камен во близина на полетувалиштето. На самото место починал 56-годишниот параглајдерист, турист од Украина со иницијали И.В., а параглајдеристот од Велика Британија на возраст од 54 години со иницијали И.М. набрзо им подлегна на тешките телесни повреди во прилепската болница. Британскиот државјанин бил учесник на Британското првенство во параглајдерство што се одржува во Крушево, изјави Спиркоска.

Увид на местото на несреќата извршиле јавното обвинителство, од полициските станици во Прилеп и во Крушево и екипи на крим-техника. Истрагата е во тек.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен денеска соопшти дека несреќата се случила кај Мечкин Камен во Крушево вчера во 12.30 часот откако дошло до судир во воздух помеѓу двајцата параглајдеристи од Украина и од Велика Британија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воземирувачко видео од местото на сообраќајката кај Три Чешми во која загина 37-годишен маж од Гевгелија

Редакција

Едно лице загина во сообраќајка во близина на Битола

Редакција

Реставрацијата на конаците на Трескавец е при крај, но треба да заврши проектот за водоснабдувањето

Редакција