еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Доцни платата на просветните работници

Независниот синдикат за образование и наука-НСОН денеска со прес-конференција реагираше дека доцни платата за јули за просветните работници.

Претседателот на Синдикатот Томислав Гиевски од пред зградата на МОН рече дека во образованието не се почитува Законот за работни односи, според кој 15-ти во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец и се сомнева дека плата ќе добијат и во понеделник на 20-ти.

Според НСОН, кој беше формиран оваа пролет, со таквото третирање се деградираат просветните работници кои, велат, би требало да се столб во општеството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стапката на невработеност во Македонија лани била 16,4 отсто

Редакција

Бројот на работниците во индустријата намален за 2,1% во првите три месесци

Редакција

Намален бројот на работници во индустријата

Редакција