еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Стапката на невработеност во Македонија лани била 16,4 отсто

Стапката на невработеност во 2020 година била 16,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци за 2020 година, бројот на активно население во Македонија е 950.858 лица, од кои вработени се 794.909, а 155.949 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,4 отсто, а стапката на вработеност 47,2 отсто.

Податоците покажуваат дека во првиот квартал од 2020 година стапката на невработеност изнесувала 16,2, во вториот 16,7 отсто, третиот 16,5 и во четвртиот квартал 16,1 отсто.

Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17,3 отсто.

Од вкупниот број невработени во 2020 година, 60,7 отсто биле мажи, а 39,3 отсто жени.

Според возраста, најмногу невработени (98.362 лица) се меѓу 25 и 49 години.

Од вработените, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија 158.135 лица, трговијата на големо и мало 116.970 лица, земјоделство, шумарство и рибарство 95.545…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиските директори очекуваат зголемување на невработеноста и раст на БДП помал од 0,5 отсто

Редакција

Сите детали: Објавен огласот за финансиска поддршка за струја за лицата со ниски примања

Редакција

Општина Кочани почна да го исклучува јавното осветлување за да штеди струја

Редакција