еМагазин
Image default
Локално

Детален преглед: Забрана за камиони на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата.

АМСМ во утринскиот извештај соопшти дека поради интензивни врнежи од снег, воведени се забрани за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, Струга – Граничен премин Ќафасан, планинските премини Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде што забраната важи и за автобуси, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Од 5.20 часот е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир, е нормализиран и се одвива по две сообраќајни ленти, отккао синоќа пред полноќ беа пробиени лавините што паднаа на делницата Дебар – Жировница.

Поради снежните врнежи, на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Се апелира на внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица малолетни ученици фрлиле нивна соученичка низ прозор од школо во Аеродром

Редакција

Кумановец претепан и ограбен сред „бел ден“ на улица

Редакција

Со пукање расчистувале недоразбирање во сообраќајот во Скопје

Редакција