Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31.812 денари и е за 11,5 проценти повисока од просечната плата во истиот месец лани.
Според податоци на ДЗС највисоката просечна нето плата за овој период е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 81.579 денари, следи Производство на машни и уреди – 58.854 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности – 53.193 денари, Воздухопловен транспорт – 53.058 денари и Телекомуникации – 51.500 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 5 најниски нето-плати во јули
Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во јули
Просечната нето плата во јули 31.812 денари
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.