еМагазин
Image default
Македонија

Ковачевски треба да си поднесе оставка, поради нарушена деловна способност, бара ВМРО-ДПМНЕ

Членот на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска пред Основен суд 2 побара Судот да поведе постапка за премиерот Димитар Ковачевски, кој според наводите, има нарушена деловна способност.

– Врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за Вонпарнична постапка, бараме од судот да поведе постапка за одземање на деловна способност на дезертерот Димитар Ковачевски.

Постојат основани сомненија дека дезертерот Ковачевски има нарушена деловна способност, и со оглед на тоа дека се работи за премиер на држава, го повикуваме судот веднаш да реагира, а врз основа на чл.40 од Законот за вонпарнична постапка, кој утврдува дека постапката за одземање на деловна способност е итна, истакна Ковачки.

Тој посочи дека мора да има одговорност.

– Дијагнозата која дезертерот Ковачевски ја приложил пред АРМ дека е трајно неспособен, со цел да избегне служење воен рок, не носи во сомнеж дека ако тој не лажел за својата состојба, тогаш истата може само да прогресира. Бидејќи дезертерот Ковачевски сега е премиер, мора да се утврди дали неговата деловна способност е нарушена или не.

Доколку е, тој треба веднаш да си поднесе оставка, доколку не е, да се утврди дали кај него постои трајно неспособност или тој лажел пред АРМ да не служи војска и во тој случај, треба да си поднесе оставка. Бидејќи ако лажел, тој фалсификувал лекарски документ, за да избегне да и служи на државата, потенцираше Ковачки.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Изборите согласно законот, избирачкиот список мора да се преработи

Редакција

Кој е Ларис Гајсер кој ја објави снимката на која Боки 13 зема пари од Камчев

Редакција

Од денеска можете да имате увид во Избирачкиот список

Редакција