еМагазин
Image default
Македонија

Бектеши: Потрошувачката на струја од ноември до март, за сите училишта во државата е околу 10 гигават часови и тоа може да го обезбедиме преку ЕСМ

Се прават напори за да им се излезе во пресрет на основните и на средните училишта и наставата во зимскиот период да се одржува со физичко присуство, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Тоа е надлежност на општините, но децата многу изгубија во време на ковид пандемијата и сега заради енергетската криза подобро да им помогнеме на училиштата отколку да ги оставиме децата да изгубат многу.

Потрошувачката за петте месеци, од ноември до март, за сите училишта на ниво на државата е околу 10 гигават часови и тоа може да го обезбедиме преку ЕСМ и убеден сум дека ќе најдеме решение, рече Бектеши во централниот дневник на телевизија Сител.

Според неговите проценки, училиштата не би требало да имаат проблем до крајот на март.

Несериозно е, смета Бектеши, тоа што 2.487 правни субјекти во државата се уште немаат склучено договори за снабдување со електрична енергија. Од нив, 60 проценти се под надлежност на локалната власт.

– Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач со електрична енергија затоа што кога немаш снабдувач со електрична енергија, а на берза цената е 400 евра, автоматски треба да платат 600 евра за да не останат неснабдувани објектите со електрична енергија.

Сите правни субјекти ги знаеле роковите кога им истекуваат договорите, истакна Бектеши, додавајќи дека во надлежност на општините е набавката на електрична енергија за училиштата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изет Зеќири нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

Редакција

Апел до младите да се вакцинираат: Сè повеќе од нив, развиваат тешка клиничка слика од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Последен ден од кампањата за нов претседател на државата, од полноќ изборен молк

Редакција