еМагазин
Image default
Бизнис

Членовите на Управниот одбор на „Водостопанство“ ќе добиваат надоместоци пониски за 50%

Владата ја разгледа Информацијата пристигната од АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“ со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 отсто, откако на една од претходните владини седници било упатено барање за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и било упатено барање за ревидирање на платите до ова акционерско друштво.

Како што соопшти владината Прес-служба, на седницата бил донесен заклучок со задолжување Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии.

– Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти. Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД „Водостопанство“ да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без најава, преминот „Евзони“ повторно затворен за влез во Грција 

Редакција

Инвестиција од 15 милиони евра и до 1.500 нови вработувања: Почна со работа новиот производствен погон на Леар и Нормак во ТИРЗ Тетово

Редакција

„Адинг“ лани ја зголеми добивката и покрај кризата од Ковид-19

Редакција