еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК

Лидерот на Левица Димитар Апасиев денеска ја поднесе Иницијативата за референдум до Државната изборна комисија.

-Денес Левица поднесе предлог за поднесување граѓанска иницијатива за референдум. Народот треба да го има зборот кога станува збор за прашања од национален интерес, изјави Апасиев.

Левица најави целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и оваа Иницијатива. Од партијата велат дека имаат договор со ВМРО-ДПМНЕ и, како што најави пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов, „заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом“.

Иницијативата на Левица за референдум ќе ја поддржи и ВМРО-ДПМНЕ, порача претходно и лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

Најмалку сто потписи се потребни за да може Иницијативата да се достави и во Парламентот.

Претходно, иницијативата за референдум за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија што ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на 9 септември беше отфрлена од страна на Џафери со образложение дека е противуставна и оти меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер тежок 5,5 милиони евра: Град Скопје купува систем за паметно осветлување

Редакција

(Видео) Во Крива Паланка за малку тепачка за крстот, во Оровник не го најдоа

Редакција

(ВИДЕО) Верица го продолжи животот на син ми, вели таткото на момчето кому му беше трансплантирано срце

Редакција