еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Ќе има проблеми со функционирањето, трошоците за струја на Гостиварската општа болница зголемени за 800%

Гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ може да се соочи со сериозни проблеми во натамошното работење, откако трошоците за електрична енергија се зголемија за над 800 отсто. До скоро, оваа здравствена установа плаќаше 3,7 денари за киловатчас, а во последната фактура, достигнал 36 денари.

За состојбата, управата на болницата ја информираше јавноста преку официјалниот профил на социјалните мрежи и наведуваат дека веднаш по владините препораки започнале со примена на мерките за заштеда на електрична енергија.

– Ние како институција ги презедовме сите неопходни мерки (ограничувања) за намалување на потрошувачката на електричната енергија, но со анализата што ја направивме наредните месеци, ќе биде неиздржливо, стои во објавата.

Од документите со анализа, се прави споредба со фактурите за истиот период во последните 4 години (август 2018/2019/2020/2021 и 2022 година) доставени од добавувачите Fuente Dynamics и ЕВН групацијата.

Заради поскапувањето на електричната енергија, фактурата за август 2021 година во однос на фактурата за август 2022 година бележи пораст од 451 отсто. Болницата треба за август 2022 да плати 2.800.517 денари (45.536 евра).

Болничката управа бара начин за надминување на состојбата и најавува проблеми во извршување на редовните обврски.

– Заради проблемите со кои сме соочени, со жалење може да констатираме дека доколку оваа висока цена на струјата продолжи и во наредните месеци, ќе биде многу тешко да се менаџира, функционира и да се реализираат сите проекти и основни планови, наведуваат од раководството на ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад“. 

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција не планира затворање на границите или забрана за влез од одредени земји

Редакција

Денеска почнува судењето на сопственикот на „Доказ„, Марјан Стаменковски

Редакција

(ВИДЕО) Полицијата во Шпанија со дронови ги тера жителите да останат дома поради корона вирусот

Редакција