еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кавадарчанка го убила партнерот, па го запалила

Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности била лишена од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, осомничена за сторено кривично дело „убиство“ по чл. 123 од Кривичниот законик.

Како што појаснија денеска од МВР, на 06.09.2022 осомничената била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.

– По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост, наведуваат од МВР.

Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откако ја „вжештија“ атмосферата, преставниците на македонските Бугари сега ќе посредуваат за „смирување на тензиите„

Редакција

Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски

Редакција

Во ЕУ баш Скендер Реџепи – Зејди го чекаат

Редакција