Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска се сретна со незадоволните партиски членови, т.н. „Огнена група“.
На средбата со Ахмети, беа членови од незадоволните ограноци на ДУИ од Сарај и Чаир, а помеѓу нив и Блерим Беџети, Изет Меџити и Висар Ганиу, кои беа потписници на писмото.
„Заедно со мојот претседател и пријател Али Ахмети и цврсто во мојот став против извршната власт,“ напиша Беџети на неговиот Фејсбук-профил, каде што објави фотографија со Ахмети.
Беџети по средбата изјави дека стои зад потписот во писмото со кој го изразува незадоволството, и дека немаат никакви услови упатени до Ахмети, туку остануваат на забелешките.
Лидерот на ДУИ, пак Али Ахмети изјави дека партијата е национално богатство на Албанците во Македонија и нормално е да има незадоволство во меѓучовечките односи.
„ДУИ е национално богатство на Албанците во Македонија и единствена од Струга до Куманово и Липково. Денеска зборував за меѓучовечки односи, овие работи мора да се средат. 20 години се занимавам со тоа,“ изјави Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Инстаграм/Беџети/ДУИ