Еден од нашите ретки топ модели со интернационална кариера која трае повеќе од 10 години заблеска во новата кампања на ексклузивниот бренд за часовници и префинет накит Chopard (Шопард).
Елена Реи во своето богато портфолио сега може да го вброи и овој светски моден бренд.
Chopard е една од најстарите и најпознатите швајцарски компании кои произведуваат рафинирани часовници и накит.
Датираат од 1862 година и доволно е да се спомене дека на престижната аукција Кристис нивниот рачен часовник „Happy Diamond“ беше продаден за сума од 1,67 милиони долари.
Реи веќе подолг период престојува во Азија (Кина, Јужна Кореја, Хонг Конг) каде работи кампањи и каталози за светски брендови.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.