еМагазин
Image default
Забава

Денеска концерт „Со љубов за Тоше“ во Крушево: Настапуваат Каролина, Дани, Бени, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ

Под наслов „Со љубов за Тоше“ вечер од 19 часот на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, ќе се одржи концерт во спомен и сеќавање на големата наша и балканска музичка ѕвезда.

Голем број негови пријатели и музичари ќе ги изведат неговите безвремени песни.

Пред најавената многубројна публика и фановите на Тоше кои во Крушево ќе дојдат од цела земја, ќе настапат: Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Каролина Гочева, Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Јоце Панов, Омар Џафероски, како и солистите на НОБ, Билјана Јосифов и Влатко Груески, во придружба на Камерниот оркестар на Битола и бендот на Тоше, кој се собра повторно во чест на Тоше.

Настанот е во спомен на последниот концерт којшто Тоше го одржа во Скопје на 5 октомври 2007 година, пред неговото трагично загинување во сообраќајната несреќа на 16 октомври пред 15 години.

Пред почеток на концертот изведувачите и солистите ќе положат цвеќе на гробот на Тоше.

Организатор на концертот е Спомен-домот на Тоше, а е финансиски поддржан од Министерството за култура.

МИА/Фото: Хит рекордс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерти на Кантон6 и Глигор Кондовски во кафе книжарница „Буква“ во рамки на проектот „Џез во Центарот“

Редакција

Заврши годишното Патувачко кино на „МакеДокс“

Редакција

(Видео) Стотици учесници на фестивал во Велика Британија ја играа „Македонско девојче“

Редакција