еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Студенти од Германија во посета на „Брако“ – разменети искуства за дуалното образование

Дваесетина студенти од универзитетот „Hamburg School of Business Administration“ од Германија, кои посетуваат дуални студии, го посетија „Брако“, информираат од компанијата.

Оваа посета се одвива во рамките на спроведувањето на „Проектот за дуално стручно образование“, кој се реализира со поддршка на Делегацијата на германското стопанство во нашата земја (AHK Nordmazedonien) и Министерството за образование и наука, а „Брако“ е една од компаниите кои земаа активно учество.

-Гостите од Германија имаа можност да ги посетат производствените погони на „Брако“, да разменат искуства за дуалното образование и притоа на лице место да се запознаат со современата технологија, машините и опремата во кои „Брако“ континуирано инвестира и овозможува беспрекорно спроведување на дуалното стручно образование по германски модел.

Дуалното стручно образование подразбира стекнување на вештини и знаења преку спроведување на практична работа во реални компании, уште за време на школувањето/студирањето. Во „Брако“ се реализира веќе трета година по ред и е препознаено од менаџментот на компанијата како еден од најдобрите и одржливите начини да се надмине јазот помеѓу побарувачката и понудата на работна сила на македонскиот пазар на труд, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна Летното бизнис патување за млади професионалци од дијаспората, се запознаа со работата на „Алкалоид“

Редакција

Петар Рујаноски Стојановски од Прилеп е пронајден жив и здрав

Редакција

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

Редакција