еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Училиштето „Нова“ е добитник на награда за развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа

Меѓународното училиште „Нова“ доби престижна награда и признание за развој и придонес на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа која ќе биде врачена на крајот на овој месец на Регионалниот самит „300- те најдобри” во Дубровник, Хрватска.

Меѓународната комисија за доделување на вакви награди, составена од 13 члена, одлучи да го награди училиштето за постигнатите резултати на полето на образованието, за извонредното меѓународно позиционирање и за квалитетот на лидерскиот и професорски кадар кои ја водат оваа институција.

За наградата „Создавачи за векови“ беа номинирани 392 кандидати од Австрија, Германија, Италија, Полска, Словачка, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Норвешка, Словенија, Србија, и други земји.

– Нашиот мотив за работа никогаш не биле наградите, но во нив гледаме потврда дека сме на вистинскиот пат. Чест ни е дека сме избрани во толку силна конкуренција, но сепак чувствуваме и одговорност да го оправдаме ова признание и да продолжиме на ист начин начин и со истиот ентузијазам да ја спроведуваме нашата образовна мисија. Ова е поттик и мотивација за нас да работиме повеќе, пред сè, за доброто на учениците во „Нова„, велат од меѓународната образовна институција.

Признанието го доделуваат: меѓународниот економски форум „Перспективи“, меѓународниот клуб на лауреати „Создавачи за векови“, мрежата на млади претприемачи „4Е – Економија, Енергија, Екологија, Европа 2050” и меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Создавачи за векови“.

Меѓу досегашните лауреати се наоѓаат некои од најголемите и најпочитуваните претприемачи од БиХ, Црна Гора, Хрватска, Италија, Косово, Македонија, Германија, Словенија и Србија.

Врачувањето на овогодинешните награди е закажано на регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300- те најдобри” кој ќе се одржи од 22 до 24 март во Дубровник. На настанот се повикни голем број на политичари и дипломати од регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија на листата на „Нешнл географик“ помеѓу 28 држави кои мора да се посетат во 2019 година

Редакција

(ФОТО) Доделени наградите на Советот за етика во медиумите за најдобри новинарски стории

Редакција

Во Боговиње годинава ќе има скијање по оф-роуд патеки

Редакција