еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Обилната менструација да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19, препорача ЕМА

Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача обилно менструално крварење да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19 произведена од Модерна, како и од партнерите Фајзер и БиоНТек.

Извештаи за обилни менструации – крварење кое се карактеризира со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот – се забележани во клиничките испитувања, од случаите во реалниот свет и во медицинската литература, соопшти ЕМА.

Случаите – кои беа главно не се сериозни и се привремени по природа – беа пријавени по првата, втората и засилената доза на вакцините, се додава во соопштенито.

Регулаторот сега заклучи дека постои барем „разумна можност“ обилно менструално крварење да е причински поврзано со овие вакцини.

Менструалните нарушувања може да се појават поради повеќе причини, вклучувајќи хронични болести, стрес и замор. Здравствените власти нагласија дека се евидентирани вакви случаи и по заболување од Ковид-19.

МИА/Фото: Natracare on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демократско движење, Беса и Алтернатива ќе делуваат во една пратеничка група

Редакција

Драстично зголемување: 164 нови случаи на Ковид-19 од 5.276 тестирања, најмногу во Тетово

Редакција

Чии пари први ќе почнат да се вртат на бројчаникот на Порта Македонија

Редакција