еМагазин
Image default
Бизнис

Вабтек МЗТ со загуба во првите девет месеци

Вабтек МЗТ АД Скопје за периодот јануари – септември 2022 година оствари негативен финансиски резултат, нето загуба по оданочување во износ од 90.788 илјади денари, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Во пресметковниот период јануари – септември од деловната 2022 година остварени се оперативни приходи во износ од 1.318.555 илјади денари, кои бележат пораст од 21% во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Во структурата на оперативните приходи приходите од продажба на домашен пазар бележат пораст од 67% во споредба со истиот период од минатата година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат зголемување од 21% во споредба со истиот период од минатата.

Останатите оперативни приходи бележат зголемување во споредба со истиот период од мината година.

Вкупните оперативни расходи во пресметковниот период јануари-септември од деловната 2022 година изнесуваат 1.372.209 илјади денари и бележат зголемување за 18% во однос на истиот период од минатата година.

Промената на вредноста на залихите во пресметковен период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 13.158 илјади денари и Друштвото оствари оперативна загуба на износ од 66.811 илјади денари.

Остварената оперативна загуба во пресметковниот период од деловната година е негативна, како и за истиот пресметковен период од минатата година.

Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се поголеми од финансиските приходи од деловната година во износ од 23.977 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото и Друштвото оствари загуба од редовно работење во износ од 90.788 илјади денари, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вабтек МЗТ лани работел со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Ќе се ослободат 130 милиони евра за поголема кредитна поддршка од банките

Редакција

Фабрика Карпош со добивка во првите шест месеци

Редакција

Цените на бензините и дизелот непроменети, поевтинува мазутот

Редакција