еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одобрено е обвинението против Мухамед Зеќири

Одобрено е обвинението против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, соопшти Основниот кривичен суд.

– Советот за оценка на обвинителан акт постапувајќи по поднесеното обвинение на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со КО. Бр. 59/22 против М.З., кој се товари за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 вв. со ст.3 в.в со ст.1 в.в со чл. 45 од КЗ, а поврзано со соопштението на надлежниот обвинител објавено на 04.10.2022 година (jorm.gov.mk), ценејќи ги сите факти и докази во обвинението, донесе решение за оценка со кое ги одби доставените приговори, а актот го прифати во целост, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

Согласно оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 193/22 и тој е распределен со АКМИС – системот на понатамошно постапување кај судечки совет. Терминот за судење ќе биде достапен на календарот за судење на веб страната на судот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“: Боки-13 доби девет години затвор, Мандиќ четири, Ременски ослободена од обвинението

Редакција

Каков имот пријавил Беким Реџепи, кој ќе биде министер за транспорт и врски до изборот на нов

Редакција

Пратениците ќе си добијат нови „телефончиња“: „Македонски Телеком“ го доби тендерот на Собранието за мобилна телефонија вреден 191.000 евра

Редакција