еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пратениците ќе си добијат нови „телефончиња“: „Македонски Телеком“ го доби тендерот на Собранието за мобилна телефонија вреден 191.000 евра

Собранието на Македонија по распишаниот тендер за набавка на мобилна телефонија склучи договор со „Македонски Телеком“ – Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 11.800.000 денари или околу 191.000 евра.

Согласно договорот, се обезбедуваат два тарифни модели, првиот со месечна претплата од 500 денари, а вториот со месечна претплата од 1.500 денари.

Согласно договорот, Телеком има обврска да обезбеди субвенции од 4,4 милиони денари за набавка на мобилни апарати и тоа за 270 линии во првиот тарифен модел и за 120 линии во вториот тарифен модел.

Со оглед на тоа што во Собранието има 120 пратеници претпоставка е дека вториот тарифен модел со претплата од 1.500 денари е наменет за пратениците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од заболените со Ковид-19 во Македонија имале кардиоваскуларна болест и дијабет

Редакција

Ќе имате увид во своето медицинско досие: Презентирана апликацијата „Мое здравје“

Редакција

Трагедија: Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање во рудникот Булмак-Минстрој

Редакција