еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Медицинската опрема од Брако барана во Европа и САД

Медицинскиот мебел и медицинската опрема произведени во Брако и натаму се барани во повеќе земји во светот, како Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД, информираат од компанијата.

И покрај кризата, линијата за опремување на здравствени установи продолжува со производство и партнерство со 10 големи светски компании и во речиси 95% оди за извоз.

Медицинската програма на Брако има повеќе од 500 различни производи, кои се произведуваат според меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.

Веќе 20 години се користат материјали со врвен квалитет и специјални карактеристики како што се биокомпатибилност, огноотпорност и нерѓосувачки челик со подобрени карактеристики, посочуваат од компанијата.

„Од богатата медицинска програма, особено би го издвоиле ротирачкиот високософистициран кревет, кој е опремен со 6 електромотори за промена на позицијата на корисникот.

Во креветот се вградени и голем број различни сензори на повеќе позиции со кои целосно се врши надзор на лицето-корисник,“ посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во Брако.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Ќе се ослободат 130 милиони евра за поголема кредитна поддршка од банките

Редакција

Локализиран пожарот кај Фурка

Редакција

И сами можете да си го симнете сертификатот за вакцинација, кој ќе Ви треба за патување, еве како

Редакција