еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка со зголемена добивка во првите девет месеци

Заклучно со 30.9.2022 година, финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје изнесува 45,6 милиони денари, што претставува повисок резултат за 19,9% во однос на истиот период минатата година, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2022 до 30.9.2022 година изнесуваат 182,4 милиони денари и во однос на планот за овој период се остварени со 101,2%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 147,3 милиони денари и бележат зголемување за 2,7% во однос на претходната година, што e резултат, во најголем дел, на зголемените приходи од провизии од новопонудените услуги преку проширената мрежа банкомати и зголемениот обем на работењето со картичките, како и на поволните движења во понудата и реализацијата на услугите во областа на платниот промет од секторот стопанство и од брокерското работење.

Во однос на планот за овој период, нетоприходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 103,4%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 10,4 милиони денари и бележат годишен раст од 29,9% како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 120,2 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 35,7 милиони денари и се повисоки за 52,1% во однос на минатата година, како резултат, во најголем дел, од поголемиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства, како и од повисока наплата на претходно отпишани побарувања. Во однос на планот се остварени со 49,1 %.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 272,5 милиони денари и се за 7,6% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од зголемените материјални и административни трошоци и од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 100,0%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 42,6 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во текот на првите девет месеци од 2022 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 13,9 милиони денари, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Како работеше ТТК Банка во првите три месеци од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Во третиот квартал забавил падот на економијата

Редакција

Kај дел од банките, воопшто нема жени во раководните органи

Редакција

Нов протокол со ЕУ ќе овозможи нови поволности за македонските бизниси за настап на европските пазари, велат од МНР

Редакција