По успешните четири години на Мажи на годината во Македонија, организаторите од Џентлмен Магазин официјално го најавија и јубилејното 5-то издание на официјалниот избор на најуспешните мажи во Македонија за 2022 година кој ќе се одржи на 30 ноември во хотел Хилтон.
Настанот кој има за цел да ги награди успешните мажи во Македонија, да ги мотивира да се развиваат како на личен, така и на професионален план, настан кој ги поттикнува мажите да излезат од својата комфор зона, да вложуваат во својот развој, да вложуваат во квалитетен живот во оваа држава, веќе се препознава во јавноста.
Знаејќи дека токму ноември е месецот за поддршка на машкото здравје, оваа манифестација прерасна во традиција, и годинава не отстапува од истата.
Оваа година, официјален поддржувач и генерален спонзор на настанот е Casinos Austria International Macedonia, кои, како опшествено одговорна компанија која вложува во општеството, ја препозна идејата и застанта позади самиот настан да продолжи да ги претставува успесите на џентлмените во нашата држава.
„Особено сме горди што успеавме настанот Мажи на годината да го направиме во традиција и што јавноста ја препознава со нашата идеја и навистина добро ја прифати.
Оваа година ќе биде навистина посебна, поради тто е нашето јубилејно 5-то издание и поради тоа сакаме настанот да го подигнеме на уште едно повисоко ниво. Сакаме да искажеме голема благодарност до Casinos Austria International Macedonia, кои се генерален спонзор на настанот и застанаа позади нас.
Воодушевувачката мисија на Casinos Austria не е само привлекување нови клиенти, туку и да се помогне секаде каде што е потребно. Сведоци сме на бројните донации за ранливите категории на граѓани, помошта во спортот, здравството и сл. Токму поради општествената одговорност, имаме чест да бидат дел и од настанот, и заедно да ги наградиме успешите мажи кај нас,“ изјавија организаторите.
Како и секоја година, така и оваа, ќе се одбираат мажите на годината во 13 категории, од комисија составена од 25 членови кои се задолжени да ги разгледаат сите критериуми при одлуката во гласањето.