еМагазин
Image default
Бизнис

МТЕЛ ја шири продажната мрежа, нов продажен салон и во Куманово  

Новиот мобилен оператор на македонскиот пазар, МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата ја проширува својата продажна мрежа со нов салон во Куманово, информираат од таму.

На новата МТЕЛ локација ќе може да купите mSTART припејд картички, да склучите договор за mCONNECT постпејд тарифите, mNET интернет пакетите, за комбинираниот пакет услуги mBOX или да аплицирате за приклучок на mSAT TV сателитската телевизија.

„Новиот салон во Куманово е дополнување на продажната мрежа на МТЕЛ преку која што услугите кои што ги нудиме како телекомуникациски оператор се поблиску и подостапни до нашите сегашни и идни корисници.

Вработените во продажниот салон во Куманово стојат на располагање да Ве запознаат со сите услуги кои што ги нуди МТЕЛ и да Ве информираат за придобивките, како и уникатното дигитално искуство кое би го имале како корисник на МТЕЛ мобилната телефонија и интернет“, велат од компанијата.

МТЕЛ во изминатиот период изгради своја мрежа од овластени партнери ширум државата која што ја сочинуваат 48 продажни салони на нашите партнери во 18 градови низ Македонија. Услугите на МТЕЛ се достапни на повеќе од 500 продажни локации меѓу кои на бензинските пумпи на „Макпетрол“ и „Пуцко петрол“, М киосците како и во „Рептил“ маркетите.

Сите услуги на МТЕЛ и понатаму се достапни и во продажниот салон во Скопје лоциран на улица Македонија, како и со повик на телефонскиот број 15010 или преку веб страна mtel.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Редакција

Македонски Телеком ќе и изнајмува простор на ОТА за 5.000 евра месечно

Редакција

Комерцијална банка лани ја зголемила добивката за 69,3%

Редакција