Студентите утре организираат протест пред македонското Собрание.
“Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард.
Затоа, време е за студентски отпор!
Нашите барања до надлежните институции се следни: повлекување на новите измени на законот за студентски субвенциониран оброк, изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја, подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.
Понеделник во 16:00 пред Собранието на Р. Македонија“, стои во повикот на Фејсбук.
Студентите го закажаа протестот откако неколкумина пратеници од СДСМ и ЛДП предложија измени во Законот за субвенциониран студентски оброк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ