еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: М-НАВ само ги потврди информациите дека исплаќа плати во висина од илјадници евра

М-НАВ само ги потврди информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека исплаќа плати во висина од илјадници евра, регираат од партијата на изјавата на директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди.

-М-НАВ или Македонска навигација само ги потврди информациите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги обелоденува во рамки на аферата „Паразити“.

М-НАВ потврди дека се земаат илјадници евра плати во ова државно регулаторно тело.

М-НАВ има директор кој се именува на предлог на Владата, односно е државно регулаторно тело.

М-НАВ се формираше со поделба на Агенцијата за цивилно воздухопловство во две тела, едно, М-НАВ кое е друштво во државна сопственост и друго, регулаторно тело кое остана како Агенција за цивилно воздухопловство.

Или М-НАВ ги потврди информациите на ВМРО-ДПМНЕ од аферата „Паразити“ дека функционери именувани од Владата за еден месец заработуваат колку што поголем број од граѓаните можат да заработат за нецели две години.

М-НАВ само потврди дека извршните директори Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски на име плата месечно добиваат по 345.000 денари, односно околу 266.000 денари, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

М-НАВ не користи пари од буџетот ниту за плати, ниту за капитални инвестиции, вели директорот Хамиди за аферата „Паразити“

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите на М-НАВ, Хамиди и Крстевски

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две нови комисии за туѓа нега за прв пат формирани за Прилеп, Гевгелија и oколните општини

Редакција

Убава вест: Оздравени 119 болни од Ковид-19

Редакција

Груевски за затворската казна за случајот „Плацеви на Водно“: Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта

Редакција