еМагазин
Image default
Бизнис

Фестивалот на младо вино 2022 во духот на зелената и дигитална трансформација на „Тиквеш“

Во насока на градење на винската култура и традиција и со цел промоција на македонското вино, на 19. и 20. ноември 2022 година се одржа Фестивалот на младо вино во винарската визба „Тиквеш“.

Ова е 13-то издание на Фестивалот на младо вино, кој од година во година привлекува сѐ поголемо внимание во земјава и регионот. Бројни гости, соработници и партнери на винарницата од земјава, регионот и светот, викендов имаа можност да ги дегустираат младите вина од повеќе сорти од бербата 2022 година.

Годинава, Фестивалот на младо вино се одржа под мотото „За виното, во хармонија со природата“, означувајќи го процесот на зелена и дигитална трансформација на ВВ „Тиквеш“ во прва зелена винарница во регионот.

На настанот беа промовирани и бројните проекти на кои работи „Тиквеш“, а кои се во насока на градење на иновативни, дигитализирани и одржливи решенија во процесот на производство.

Користењето на обновливи извори на енергија, системот за управување со отпадни води, дигитализирањето на процесите на одгледување на лозови насади, полесната амбалажа со цел намалување на емисијата на CO₂ и органското производство се само дел од проектите кои ќе може да ги применат и други помали винарници и земјоделски производители.

На Фестивалот на младо вино гостите имаа прилика да ги пробаат вината од последната берба, да уживаат во добра храна и музика и да донираат во хуманитарни цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најтргувани акции на Македонската берза лани

Редакција

„Марковски компани“ го доби тендерот на ЕСМ за ископ на јаловина во РЕК Битола вреден 5,5 милиони евра

Редакција

Нова листа на должници на УЈП, проверете дали сте на неа

Редакција