еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Сите фактури кон приватните автобуски превозници се платени, тврди директорот на ЈСП

Сите фактури кон приватните превозници се исплатени, изјави денеска директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Александар Стојковски, на продолжението на 19. седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во однос на проблемите со приватните автобуски превозници.

„Во период од моето доаѓање, па до овој ден, сите нивни фактури од моја страна се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е нивно тековно побарување. Ако сметаат дека се пробиени роковите нека поднесат тужба,“ рече Стојковски.

Според него, договорите со приватните превозници остануваат исти, како што биле и досега.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на истата седница најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, со цел, како што рече, тие што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи ќе проверува кој стоел позади македонскиот клуб кој викендов се отвара во Благоевград

Редакција

Скоро 50% од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против голема кашлица

Редакција

Avon Македонија продолжува со успешното работење, и нема никаква врска со американската компанија Avon Products, Inc

Редакција