Во рамки на официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на Македонија, денеска претседателот Стево Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.
Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Штајнмајер, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации, двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Кабинет на претседател