еМагазин
Image default
Локално

„Не се преговара со луѓе што уценуваат,“ вели Арсовска за приватните превозници

Не се преговара со луѓе што уценуваат и навредуваат и кои тоа го прават зашто вистината не е на нивна страна. Нема да се подлегне на закани и уцени, рече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за тоа дали ќе има договор со приватните превозници кои дадоа рок до петок или повторно ќе го блокираат сообраќајот во главниот град.

Таа порача дека Министерството за внатрешни работи е одговорно да го регулира сообраќајот и дека има позадина тоа што некој сака да направи привид на хаос.

-До каде ќе стигнеме ако секој што има возило или автобус излезе и блокира. Секој ќе си го дозволи истото. Овој проблем бара системско решение кое изгледа некому не му одговара, рече Арсовска во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Таа ги негира обвинувањата на приватните превозници дека ЈСП им должи 1 милион евра и праша зошто ако е така не е поднесена опомена пред тужба. Смета дека тоа е „индиција за нешто“.

Рече дека ЈСП им има исплатено околу 156 милиони денари на приватните превозници – 111 милиони на „Слобода превоз“ и 45 милиони на „Макеспрес“ и дека од 2018 година во приватните автобуси не се продавале билети.

Детектирани се состојби, рече таа, кои не соодветствуваат со тоа што е на терен и затоа ќе има сериозна истрага и ревизија.

-Има институции, како УЈП и Финансиската полиција, кои се надлежни за тоа, додаде градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокадата на приватните автобуски превозници кај „Мавровка“, времено отстранета

Советот на Град Скопје без одлука за проблемот со приватните автобуски превозници

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за охриѓанец кој бесправно си изградил куќа

Редакција

Комунална хигиена продолжува со подигање отпад во три смени секој ден во неделата

Редакција

Таксистите со лиценци ќе се препознаваат по жолти табли и еколошки налепници

Редакција