еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Наместо попусти, пример за хуманост: По повод Black Friday, компанијата дм дрогерие маркт донира 474.000 денари во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија

„И оваа година, dm повторно докажа дека е возможно со шопинг да се направи добро дело! Овој Black Friday, односно како што го нарекуваат од компанијата години наназад, Giving Friday, а под мотото Giving is the new black, dm дрогерие маркт го одбележа со донација на 5% од вкупниот дневен промет од сите дрогерии остварен на 25 ноември“, информираат од компанијата.

Преку оваа кампања ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија доби нов транспортен ехо апарат, со кој ќе се подобрат условите за работа на клиниката.

Самиот износ на донацијата говори за големиот одзив на купувачите и нивната несебична желба да се вклучат во филантропската иницијатива, за што од компанијата велат дека се неизмерно благодарни, посочуваат од компанијата.

„Зад dm стојат 10 години работа на нашиот пазар, кои беа проткаени со низа успеси и голем број на проекти насочени кон обезбедување поддршка на општествената заедница. И оваа година ја завршуваме во знак на хуманоста, која претставува идеален начин да се потсетиме на нашиот приоритет, постојано да инвестираме во заедницата во која работиме.

Овој гест е најубава најава за празниците кои се ближат, затоа што додека даваме подароци на најблиските, не забораваме и на оние на кои хуманоста ќе им го разубави крајот на годината – токму по ова е dm познат’“, велат од компанијата.

Да се потсетиме, последниот петок во ноември, кој ширум светот е познат како Black Friday – ден на големи попусти и гужви низ продавниците, во dm традиционално веќе четврта година по ред е ден за дарување. На овој ден, донираат 5% од дневниот промет за поддршка онаму каде што е најпотребно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Деветти подвиг на младиот Марко летово: Ја преплива релацијата Градиште – Трпејца – Охрид

Редакција

Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам од Коџоман, Кондовски, Шијак, Мазев..

Редакција

Visa ја претставува ‘Visa Secure’ – нова програма за непречено плаќање и напреднато онлајн искуство

Редакција