еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила судијката Вангелина Маркудова, чиј мандат во Уставниот суд заврши

Заврши мандатот на уставната судијка Вангелина Маркудова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши мандатот на судијката Вангелина Маркудова: Уставен остана со 6 судии од предвидени 9

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога стапила на оваа функција.

Каков имот пријавила

Според нејзиниот анкетен лист, кој е поприлично долг на свое име пријавено стан во Скопје од 76 метри квадратни, непрецизиран имот и градежно земјиште во Нов Дојран.

На име на сопругот пријавила повеќе парцели со земјоделско земјиште, ливади, пасиште, лозје во Оризари, Визбегово и Глуво, вооглавно од наследство.

На свое и на име на сопругот пријавила акции, но не навела каде.

На име на сопругот пријавила и две возила.

Пријавила и кредит 3.300 евра, за кој не дала повеќе информации, како и девизни и денарски штедни книшки, на свое и на име на сопругот…

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заветна“ уште една нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, во изведба на Бојана Скендеровски

Редакција

Со корона вирус заразени и вработени во грчки медиуми

Редакција

Од Централен регистар се огласија за регистрацијата на бугарското здружение Цар Борис III во Охрид

Редакција