еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против скопски таксист за криумчарење Иранци

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Х.М.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по член 418 Б став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

На 26.08.2018 година во 12.00 часот на бул.„Киро Глигоров“, при рутинска контрола, полициски службеници запреле патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, а управувано од пријавениот. Притоа, во возилото биле пронајдени три лица мигранти (две машки на возраст од 26 и 28 години и една жена на возраст од 31 година), сите од Иран, кои не поседувале документи.

Пријавениот и мигрантите се лишени од слобода. По наредба на Јавен обвинител, против Х.М. е поднесена пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Кочани наседна на измамата со огревни дрва

Редакција

„Зачекори во Здраво Скопје“: Авантуристичка тура низ градот по повод 56 години од земјотресот

Редакција

(Галерија) Охрид за Велигден преполн со гости

Редакција